Внимавајте со овие намирници – можат да иницираат рак


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Луѓето кои консумираат многу намирници поврзано со хронично воспалителните процеси како црвено месо и преработени житарки, имаат поголеми шанси да развијат рак на ректумот и дебелото црево од лицата кои ги избегнуваат овие производи, покажува новото американско истражување.

Научниците ги проучуваа податоците за американските прехранбени навики и ракот кај 74.246 медицински сестри и 48.804 медицински техничари на возраст од над 20 години. Испитаниците ги поделија во пет групи, зависно од тоа колкава е веројатноста нивните навики во исхраната да придонесуваат за процесите на воспаленија.

Во споредба со лицата кои јаделе намирници кои имаат најмали шанси да предизвикаат воспаленија кај лицата, луѓето кои се хранеле со намирници кои донесуваат најголема веројатност за воспалителни процеси имале 32 насто поголеми шанси да заболат од колоректален канцер, пишуваат научниците во истражувањето кое е објавено во списанието JAMA Oncology.

Намирници кои предизвикуваат рак

„Менито на исхрана кое е поврзано со повисоко ниво на воспаленија хронично ќе ги стимулира цревата водејќи ги кон трајно повисоко ниво на циркулирачки медијатори на воспаленија кои можат да придонесат за развој на рак“, вели лидерот на истражувањето, Фред Табунг, научник од харвардската школа за јавно здравје во Бостон. „Такви во голема мера се црвеното и преработено месо, преработените житарки и засладените напитоци, потоа, до тоа може да доведе и нискиот внес на чај, кафе и темножолт и зелен лиснат зеленчук“, вели Табунг.

Мажите со исхрана која најмногу поттикнува воспалителни процеси имаа 44 насто поголеми шанси за развој на колоректален рак во однос на мажите кои се хранеле со намирниц кои донесуваат најмали шанси за развој на воспалителни промени, покажува истражувањето.

Жените кои во својата исхрана имале најмногу намирници кои иницираат воспаленија имале 22 насто поголем ризик за колоректален рак. Кај мажите и кај жените врската меѓу намирниците кои поттикнуваат воспаленија и ризкот од колоректален рак била посилна за сите анатомски локаци на кои се појавува таквото канцерогено заболување, освен за рак на ректумот кај жените.

Превентивни мерки

Ризикот од поајва на колоректален рак бил дури и повисок кај мажите, витките жени и мажите и жените кои не консумирале алкохол. Некои од најважните фактори за ризик за колоректален рак се случаи во семејството, постоење на полип и некои други канцерогени појави кај пациентите, одредени болести како улцерозен колитис и избегнување на систематски прегледи, покажаа претходните истражувања. Избегнувањето на цигарите, одржувањето на нормална тежина и пиењето аспирин се поврзуваат со понизок ризик за рак на дебелото црево. Ограничување на истражувањето е тоа што истото се базираше на тоа дека испитаниците точно се сеќаваат што јаделе и пиеле.

И покрај тоа, заклучоците на истражувањето даваат нови докази дека типичната западна исхрана, полна со намирници кои поттикнуваат воспалителни процеси како месото и преработените житарки, комбинирани со малата количина на консумирање овошје и зеленчук, можат да доведат до здравствени проблеми, вели Урсула Шваб, нутриционистка која не била вклучена во истражувањето. „Ова истражување пружа нови докази од претходните истражувања кои покажаа дека исхраната која поттикнува воспаленија поврзани со неколку вида болести, вклучително и рак, дијабетес тип 2 и кардиоваскуларни болести“, вели Шваб.