Актуелно

ВНИМАВАЈТЕ КАКВО МЕСО КУПУВАТЕ: Одземена лиценца на бразилска компанија која извезува месо во Македонија!


На бразилската компанија Seara Alimentos LTDA, која извезува месо и во Република Македонија, и е одземена лиценцата за извоз и е избришана од регистарот на овластени извозници на месо од Бразил, информира Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

Од АХВ наведуваат дека компанијата е избришана од регистарот на овластени извозници на месо од оваа земја.

„Од страна на инспкциските служби на Агенцијата засилени се контролите на граничните премини, со цел спречување на евентуален влез во земјава на пратки со месо од Бразил, кои потекнуваат од објекти кои се забранети за извоз“, велат од АХВ.

Од таму додаваат дека по минатогодишните случувања и истрагите во месната индустрија во Бразил, Агенцијата за храна и ветеринарство е во постојана комуникација со амбасадата на Република Македонија во оваа јужноамериканска земја, со која се разменуваат информации за случувањата во месената индустрија, за што се информираат и стопанските комори во земјава.

„Увозот не месо во Република Македонија се врши исклучиво од одобрени земји за увоз и од одобрени објекти. Секоја пратка задолжително е пропратена со ветеринарно здравствен сертификат со кој се гарантира безбедноста“, велат од АХВ.

Во април минатата година на граничниот премин Ќафасан беа запленети 1.300 килограми небезбедно пилешко месо со потекло од Бразил кое беше уништено на депонијата во Струга.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top