Внимание, селјак на сцената! (снимка)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


25-годишниот рапер Тајрон Кејмон Фремптон познат како Слоутај, влезе во конфликт со гостите на доделувањето на наградите NME, кое церемонијално се одржа во лондонската О2 академија Брикстон.

Додека ја примал наградата „Херој на годината“ (гласале обожавателите), Слоутај ја прегрнал наградената Кетрин Рајан, инаку позната канадска комичарка. Раперот потоа се внел во нејзиното лице и дал некои несоодветни коментари. Сепак, таа се обидела да се дистанцира.

Тој прво се обиде да ја натера да му го помириса парфемот, па и рече: „Мириса добро, не е тоа!“

Бидејќи Рајан не одговорила, Слоутај тогаш направил гест и ја нарекол „малечка“. „Ако сакаш да направиме нешто, кажи ми подоцна. Никој досега не си играл со тебе како јас. Таа сака да и дадам цвеќиња”, додаде раперот.

Комичарката одговори саркастично, „Ти си најзгодниот човек што сум го видела досега“.

Додека заминувал раперот, некој од публиката фрлил предмет кон него. Раперот застана , а потоа се стрча да го фати човекот. Потоа, тој фрлил чаша шампањ и микрофон во публиката. Слоутаи потоа се симнал од бината, очигледно барајќи физичка пресметка со личноста. Во тој момент, интервенирало обезбедувањето , кое го оддалечило раперот од публиката.

Корисниците на социјалните медиуми ја пофалија снаодливоста и остриот јазик на Рајан. Комичарката подоцна објави на Твитер. “Не бев засрамена. Ова е доказ дека ни требаат жени со моќна позиција. Знаев дека тој загуби во моментот кога ја отвори устата. Тој започна да ја навредува комичарката, не жената туку комичарката. Многу слатко момче, беше забавно! “, напиша таа.