Home Живот и здравје ВНИМАНИЕ: Лошиот брак може да предизвика смрт?!

ВНИМАНИЕ: Лошиот брак може да предизвика смрт?!

Експертите открија дека луѓето кои страдаат во бракот имаат 43% поголеми шанси да боледуваат од срцеви заболувања. Тоа посебно се однесува на жените, бидејќи тие често во себе ги задржуваат негативните чувства.

Стрес на работа, финансиски проблеми, нерешено станбено прашање, секојдневни потешкотии, сите тие работи се поттикнувачи на срцев удар. Но, студиите покажуваат дека тој често се случува и како последица од долгогодишен несреќен брачен живот. Така покажа истражувањето на британските експерти на примерок од 1200 лица во доба од 57 до 85 години.

Експертите открија дека луѓето кои страдаат во бракот имаат 43% поголеми шанси да боледуваат од срцеви заболувања. Тоа посебно се однесува на жените бидејќи тие често ги задржуваат негативните чувства, па имаат поголем ризик за незадоволство и депресија. А тоа се фактори кои тесно се поврзани со здравјето на кардиоваскуларниот систем.

Петтгодишната студија откри и дека ризикот за срцев удар дополнително расте ако лошиот брак трае подолго.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Знаци дека навистина треба да побарате помош од брачен советник

До пред само неколку години, барањето помош од брачен советник кога ќе се појават нерешлив…