Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
ВМРО-Народна партија го поздравува канонизирањето на македонскиот и словенски просветител Кирил Пејчиновиќ (Св. Кирил Лешочки) исто како и пред извесно време канонизирањето на просветителот Јоаким Крчовски (Св. Праведен Јоаким Крчовски Учител и Просветител).
Во таа насока за да се запознаеме подобро со нивните дела ВМРО-Народна партија ја повикува МАНУ во фототипски изданија да ги објави оригиналите на делата и на Јоаким Крчовски и на Кирил Пејчиновиќ.
Во исто време потенцираме дека е срам за македонската држава што дури по 78 години од постоењето зборуваме за овие двајца големи просветители, а нивните дела да не ни се достапни.
Сметаме дека канонизирањето на просветителите е добар повод за еден ваков чин.