Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
ВМРО-ДПМНЕ посочува дека Зоран Заев веќе нема простор од една страна да го лаже народот за заштита на националните интереси, а од друга да дава ветувања за реализација на Тиранската платформа.
„Криминалецот Зоран Заев јавно се обврза дека ја отфрла Тиранската платформа и дека ќе престане со антидржавната и антинационална политика.
Сега целата одговорност останува кај криминалецот Заев. Тој ќе мора да избере дали ќе ја отфрли двојазичноста на банкнотите, униформите и носењето резолуција за геноцид врз Aлбанците или ќе си го погази зборот и ќе тргне спротивно на ветувањата дадени пред сопствениот народ.
Народот секогаш победува. Истрајноста и упорноста во барањата да се отфрлат туѓи платформи дадоа плод. Доколку Заев одлучеше да се откаже од Тиранската платформа уште кога му беше понудено од ВМРО-ДПМНЕ, Република Македонија немаше непотребно да биде заглавена во криза изминативе месеци.
Факт е дека Заев се двоумеше помеѓу преземените обврски и барањата кои 80 дена ги испорачаа стотици илјади Македонци. Факт е дека се одлучи да потпише гаранција, но исто така е факт дека лаже како и секој криминалец.
На криминалци кои лажат не може да им се верува. Затоа мора будно да се следи секој негов чекор кој би ја загрозил иднината на Република Македонија.
Криминалецот Заев покажа дека за него вообичаена активност е да се гази Уставот, законите и Деловникот за работа на Собранието како што тоа беше сторено при обидот да го избере Талат Џафери за претседател. Мандатот на Зоран Заев е затруен плод на затруено дрво. Неговото неодговорно и деструктивно однесување нема иднина“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.