ВМРО-ДПМНЕ: Владата шверцерски по 23 часот објави дека го поскапува дизелот


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„Владата на СДС со одлука за зголемена акциза на нафтата удира шамар на таксистите, превозниците, домаќинствата, земјоделците“, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ на одлуката на Владата да даде зелено светло за поскапувањето на дизелот.

„Владата на шверцерски начин по 23 часот објави дека донела одлука со која ја зголемува акцизата за нафта со која на секое семејство ќе му одзема по една просечна плата, пари кои семејството од својот буџет ги дава да располага Владата која пак го зголемува буџетот за патни трошоци и дневници, која нема ниту еден развоен проект освен оние кои ги препишува од ВМРО-ДПМНЕ. Владата на СДС ветуваше подобар живот за сите, но во реалноста нуди сиромаштија за сите“, пишува во соопштението.

ПОВРЗАНО:
ОФИЦИЈАЛНО: Владата донесе одлука да се зголеми АКЦИЗАТА за дизелот