ВМРО-ДПМНЕ: Со „Таргет“ сакаат да се покријат скандалозните изјави на Заев


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Според ВМРО-ДПМНЕ, целта на денешната прес конференција на Специјалното јавно обвинителство за новата истрага Таргет била само една, да ги покрие скандалозните изјави и ветувања на Зоран Заев дадени пред албанската дијаспора во Швајцарија.

Катица Јанева без ниту еден доказ, ја погази правната фела и влезе во политичка кампања. Специјалното јавно обвинителство одлучи да се вклучи во изборна кампања уште пред да стартуваат изборните каравани и да се официјализира почетокот. Катица Јанева денеска не објасни како претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, тогашниот директор на УБК, Сашо Мијалков и сите останати функционери на ВМРО-ДПМНЕ беа лицата кои беа најприслушувани, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека многу почесно ќе било кон граѓаните доколку Катица Јанева се кандидирала за носител на листа на СДСМ.