Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Претседателот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по синоќешниот состанок на Извршниот и Централниот партиски комитет, објави дека тие се враќаат во Собранието.
„Вечерва Извршниот комитет и Централниот комитет ги разгледуваа начините на кои ВМРО-ДПМНЕ треба најефикасно да се спротивстави на оваа криминална и неспособна влада.
Со учество во работата на Собранието жестоко ќе се спротивставиме на секоја штетмна и антидржавна политика
Прв чекор ќе биде покренување на гласање за недоверба на владата со изгубен кредибилитет, која не работи за доброто на државата. Зошто треба што поскоро да замине. Колку побрзо толку подобро за државата.
Оваа криминална влада зќе остане запаметена како најнеспособната досега во историјата на Република Македонија”, изјави Мицкоски по седниците на Ик и на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој информираше дека работните групи на неговата партија и на СДСМ постоигнале согласност за поголемиот дел од реформските закони, но по целосно финализирање, ВМРО-ДПМНЕ ќе инсистира на писмени гаранции за нивно реализирање.
Во иднина, ВМРО-ДПМНЕ, како што рече, нема да дозволи освен реформските закони да помине нешто што не е во корист а граѓаните.
„Оваа влада нема кредибилитет. Мора да си одат, покажаа дека не знаат. Македонија залужува повеќе, не и треба заробена држава”, додаде Мицкоски.