Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денес излезе со обвинување кон власта дека ја ангажирала Нина Фити, ќерката на академикот и претседател на МАНУ, Таки Фити, како претставник на Владата во седиштето на Светска Банка во Вашингтон, САД.
„Сега е јасно зошто Таки Фити, како претседател на МАНУ, го промени својот став за толку кусо време. Во јули викаше дека ерга-омнес е неприфатлив, а потоа во септември пред референдумот ставот му гласешпе дека треба да има уставни измени и преспанскиот договор е прифатлив“ – истакна гласноговорникот на ВМРО-ДПМНЕ.
Нина Фити до сега работеше во приватниот финансиски сектор во Македонија.