Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Единствена точка на дневен ред која беше поставена на денешната координација кај претседателот на Собранието, Талат Џафери беше формирањето интерпартиско парламентарно тело за помирување и интеграција.
На координацијата која е во тек не дојдоа пратениците од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, а состанокот веднаш по почетокот го напушти Сурија Рашиди од Алијансата за Албанците.
На средбата се присутни пратениците од новата пратеничка група независна од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, освен тројцата пратеници, обвинети за 27 април, координаторите на пратеничките групи на СДСМ, ДУИ, претставници на БЕСА и независниот пратеник Панчо Минов.
Рашиди, по напуштањето на состанокот рече дека не се јасни целите на средбата и телото кој со кого да се помири.
„Се добива впечаток дека е за дневно-политички поени и протнување на мала врата амнестија за 27 април. Ние сме за помирување, но во основа на стратешките цели за државата, за интеграција на ЕУ и НАТО и за затворање на внатрешните отворени проблеми“, рече Рашиди.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ остана на ставот дека нема да учествува во работата на ова тело, бидејќи со него ќе раководи Џафери.