ВМРО-ДПМНЕ: Не дозволуваме носење решенија спротивни на државните и национални интереси


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение уште еднаш порачаа дека „чувствуваат обврска“ да ја почитуваат волјата на мнозинството граѓани кои гласаа за Коалицијата „За подобра Македонија“ и заради почитта кон нив и нивната стратешка определба, нема да дозволат носење никакви решенија што се спротивни на државните и национални интереси.

„Зоран Заев и СДСМ гледаат позитивно кон платформата од Тирана и немаат проблем да дебатираат за менување на химната, грбот и знамето со крајна цел соодветно да бидат претставени и Албанците. Немаат проблем да се преземе обврска да се промени името во рок од една година само за да се задоволи барањето од сеалбанската платформа за брз влез во НАТО. Немаат проблем да го прогласат албанскиот јазик и неговото писмо за официјален државен јазик, заедно со македонскиот и неговото кирилско писмо. Немаат проблем да ги променат банкнотите, униформите, написите. Со оглед дека деталите од договорот и од платформата ги држат во тајност, кој знае на што се друго се подготвени, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Нагласуваат дека е суштинско во овој момент на што се подготвени граѓаните?

„Дали граѓаните се подготвени за редефинирање на Република Македонија, на нејзино претварање од мултиетничка во бинационална држава и дали граѓаните се подготвени на кантонизација и федерализација? Одговорот за сите овие прашања најдобро ќе се добие на нови предвремени парламентарни избори“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, легитимно е СДСМ и нивнито лидер Зоран Заев да мислат дека платформата од Тирана е позитивна за земјава, но крајниот суд околу платформата треба да го дадат граѓаните. Тие не гласаа во декември за сите овие елементи од платформата.

„Се ближат локалните избори и најдобар излез од оваа криза е доколку Зоран Заев се охрабри и се согласи да ја постави платформата пред граѓаните. На ист трошок тие ќе гласаат и за локалните власти, но ќе се произнесат и околу платформата од Тирана. Доколку Зоран Заев и СДСМ имаат сомнеж дека платформата од Тирана е штетна за Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува да ја отфрлат. Во таков случај би му помогнале на Зоран Заев и СДСМ да формираат влада каква што сакаат и покрај тоа што загубија на изборите. Цената ќе биде далеку помала отколку цената што ќе ја плаќаат сите идни генерации доколку не ги отфрлат уцените“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ