Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Народот на 11-ти декември не гласаше за бинационална држава. Народот не гласаше за двојазичност, за менување на химна, за менување на знаме и на име.
„Криминогениот СДС и аболицираниот криминалец Зоран Заев нека не се надеваат дека нарко-мафијашите и луѓето што го негираат македонскиот идентитет ќе ги донесат на власт.
Граѓаните јасно кажуваат дека не сакаат туѓи платформи од странски држави. Граѓаните не ја сакаат Тиранската Платформа, која СДС сака да ја протурка и да формира влада по секоја цена.
Криминалците од СДС не можат да го излажат народот се со цел да се спасат од затвор. Народот ги прочита и им порачува секој ден на улиците дека ќе одговараат пред правдата, Не може со некоја неуставна платформа да се спасат.
Ако СДС некому нешто должи, нека се раздолжи со парите на криминогеното раководство на СДС. Не може своите долгови СДС да ги плаќа со националните и државните интереси на Македонија.
Македонија не е играчка на криминогениот СДС. Со Македонија не може секој да се игра како сака и да тргува со неа.
Народот порачува на СДС, Македонија никогаш нема да стане бинационална држава, Македонија нема да се редефинира.
Народот бара предвремени парламентарни избори за да ја отфрли неуставната платформа и да го казни СДС“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.