ВМРО-ДПМНЕ најави кривични против Џафери и Заев


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


„Извршен е атентат, Македонија веќе не е правна држава, ќе поднесеме кривични пријави за Заев и Џафери за Законот за двојазичност и претставка до Уставниот“, ова беа зборовите кои ги кажа претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во изјавата која ја даде за медиумите, веднаш по состанокот со партиите од коалицијата ,,За подобра Македонија”.

Мицкоски истакна дека коалициските партнери ја поддржале идејата за предвремени парламентарни избори заедно со претседателските и веднаш и неодложно распуштање на Собранието.

Во однос на уставните измени коалициските партнери го осудија чинот на уцени, на закани, на притисоци, на тргување со правото и правдината, а се со цел остварување на политички цели, изјави Мицкоски .

Тој рече дека на средбата било разговарано и за лошата политичка состојба во државата, односно отсуството на реформи.