ВМРО ДПМНЕ: Медиумите и социјалните мрежи вријат со нов скандал поврзан со рекетарскиот октопод


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


И повторно медиумите и социјалните мрежи вријат со нов скандал поврзан со рекетарскиот октопод, рече на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

-Според објавеното, доверливи информации од безбедносна служба незаконски биле изнесувани за со нив да се уценува познат бизнисмен. Ова е скандалозно! Дали на тие информации и фотографии имало незаконски дејствија не знаеме, но самиот факт што тие не се процесуирани, туку се предадени на рекет – октоподот говори дека Заев ги има ставено сите институции во функција на лично богатење и политички притисоци. Доколку на Вилма Русковска и требаа скоро четири месеци за да отвори истрага за „Рекет“ преку СЈО, колку ќе и требаат за да истражи дали постоеле незаконски дејствија со малолетнички и дали тие се прикриени само со исплата на огромни суми пари, вели Стоилковски.

Тој прашува кои се блиските соработници на Заев што имале допир со доверливи материјали во поранешната УБК, а кои што се неговите функционери кои се материјали можеле да му ги достават на Боки 13?

-Досегашното искуство вели дека нема зошто да не се верува дека во телефонот на Боки Тредичи пишува „Многу си го обрал друже“. И дека таа порака не е од главата на октоподот! Русковска, постои ли таква порака, од кого е и во кој период е испратена? Ако постои како порака дали е тоа испратена од Зоран Заев? Јовески, Русковска и правосудниот систем ја навредуваат интелигенцијата на јавноста со своето неделување и селективност во расчистувањето на „Рекет“! Месеци минаа додека не почна постапка против Боки Тредичи и Зоран Кичеец. Месеци минаа, а да не беа и оние истекувања низ странските медиуми со гласот на Катица и таа сеуште ќе шеташе по одмори или медицински установи!

Правосудството во пупката на Заев игра само на една карта – како да го заштити октоподот и неговата глава? Скандалозно е однесувањето на Обвинителството, скандалозно е однесувањето на судот, скандалозни се одлуките кои што се носат, скандалозни се изјавите на Заев во обид на амнестија на Јанева дека можеби таа и не земала пари. Преземањето мерки за „Рекет“ не е само услов за ЕУ, „Рекет“ е услов за мир и правда во земјата и стабилизирање на колапсот на економијата. Истрагата што се води е целосно компромитирана. Наместо да се затвораат дилеми и шпекулации, секојдневно излегуваат нови детали за прикривање на докази. Одговорност за ваквото поигрување со правдата и законите мора да има и ќе има. По поразот кој што го чека на изборите целосно ќе биде расветлена улогата на Заев во рекетот и на сите негови функционери, рече Стоилковски.