Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Имаме сериозни информации на нарушувања на изборните правила, поткупувања, злоупотреба на државни институции, активно мешање државни ресурси за партиски цели. Вакви информации има на повеќе места во Македонија, што укажува на системски пристап, а не се изолирани случаи, изјави Спиро Ристовски, претседател на Републичкиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој рече дека во отсуство на реакција од страна на државните институции ВМРО-ДПМНЕ ќе се самоорганизира со народни стражи.
„Тимови од ВМРО-ДПМНЕ се на терен и сите нарушувања и прекршувања на изборниот процес ќе ги документираат. Сите овие нерегуларности говорат дека СДС е во огромна нервоза, свесен дека не може да ја промени волјата на народот. Ова се чекори на очајни луѓе и луѓе во паника“, рече Ристовски.
Тој рече дека во скопско Тафталиџе активисти кои се преставувале дека се од СДС нуделе од 3 до 5 илјади денари за гласање, во Крива Паланка се делел зејтин, а во Крушево се нуделе дрва за огрев и за возврат се барало да се гласа за СДС.
СДСМ: Граѓаните да бидат спокојни и да не подлегнуваат на лажни вести од ВМРО-ДПМНЕ
Сите надлежни институции се целосно професионализирани и посветени на спроведувањето фер, слободни и демократски избори. Граѓаните да бидат спокојни и да не подлегнуваат на лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ и в недела масовно и слободно да го искористат своето право на глас, реагира СДСМ на изјавата на Спиро Ристовски, кој рече дека имале информации за изборни нерегуларности и поткуп на гласачи.
„Избирачкото право е загарантирано, а изборната волја на граѓаните ќе биде целосно испочитувана. Времето на злоупотреби на институциите, поткупот, уцените и заканите за предизборни партиски цели заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски во опозиција. Таа криминална ера заврши и ниту една измислена ‘стража’ нема да ја врати“, велат од СДСМ.
ВМРО-ДПМНЕ, велат од таму, не може и не знае да функционира во фер и регуларни услови и затоа в недела ќе загуби на фер, слободни и демократски избори, на кои граѓаните ќе ги закоружат промените и на локално ниво и ќе стават крај на децениското криминално и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ со општините.