ВМРО ДПМНЕ: Имаше сериозни неправилности, среќа што немаше жртви!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На првата прес конференција по изборите, членот на ИК на ВМРО ДПМНЕ, Никола Србов обвини дека изборниот ден поминал со голем број неправилности и најави дека партијата победила во повеќе општини.

ВМРО-ДПМНЕ води во повеќе општини, изјави Никола Србов на прес-конференција во штабот на партијата, без да прецизира во кои општини победил нивниот кандидат. Тој рече дека ќе ги соопштат резултатите откако ќе бидат сумирани.

Според него, јавноста денеска била сведок какви избори организира СДСМ. Рече дека полициски џипови со членови од СДСМ кружеле низ повеќе градови и во текот на денот имало повеќе инциденти.

„Треба да бидеме среќни што немаше жртви и повредени иако имаше инциденти. За сите овие инциденти се составени записници и истите ќе бидат испратени до сите меѓународни претставници“, рече Србов.

Фото: МКД