Home Актуелно ВМРО-ДПМНЕ и денеска на протест, блокирана крстосницата кај РКЕ во центарот на Скопје

ВМРО-ДПМНЕ и денеска на протест, блокирана крстосницата кај РКЕ во центарот на Скопје

Протестен марш на ВМРО-ДПМНЕ долг 400 метри. Христијан Мицкоски заедно со потпретседателите на опозициската партија го предводеа маршот од нивната Бела палата, до зградата на Регулаторната комисија за енергетика. Зад нив имаше неколку автомобили со кои ги блокираа улиците Даме Груев и Македонија во центарот на Скопје.

ВМРО-ДПМНЕ покрај пониска цена на сметките за струја, бара и оставка од целиот состав на Регулаторната комисија за енергетика.

„Бараме од власта, од оваа мафијашка власт да ги барањата на граѓаните. Ние денеска дојдовме до РКЕ. Јас подоцна ќе ви дадам и едно видео да видите како нè пречекаа со затворени врати, никој не ни ја отвори вратата за да го поднесеме ова барање до нив“, рече Владо Мисајлоски, потрпетседател на ВМРО ДПМНЕ.

Оние кои се приклучија на протестот на опозицијата имаат едно барање – пониски сметки на струјата.

„Излеговме за да го поддржиме протестот затоа што ова влијае на сите граѓани во РМ поскапувањето на струјата. Тоа значи земање пари од џебот на граѓаните“, рекоа анкетираните граѓани.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…