Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
ВМРО-ДМПНЕ по барањата за притвор за нејзините највисоки раководители обвини дека е во тек атак врз партијата, за да се елиминира од политичката сцена и да се ослаби Македонија, со што ќе се исполнат „плановите на оној кој го смислил цело ова сценарио“.
„Целта е стигматизирање и оцрнување на стотина луѓе од ВМРО-ДПМНЕ против кој се води политички процес чија крајна цел е политичка, и никако правна. Она што се случува со СЈО нема апсолутно никаква врска со правото и исклучиво е поврзана со политичките интереси на одредени структури.
Ваков монтиран политички процес од вакви размери, против една партија, без докази, а со политички цели македонската држава не памети во својата историја. Апелираме судот да не подлегнува на притисоците и заканите кои се вршат. Да се држи до словото на Уставот и законите. Воедно за сите оние кои што ќе се огрешат кон законите, кои што вршат притисоци и без докази спроведуваат политички атак, укажуваме дека ќе има правда и таа ќе дојде брзо. Ќе дојде времето кога ќе одговараат за своите злодела и криминали“, стои во реакцијата на ова апартија, со предупредување дека целата оваа хајка ќе им се врати како бумеранг на наредните избори кога ќе бидат поразени.
„Раководството на СДС и СЈО ќе бидат забележани во срамниот дел од историјата на оваа држава“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.