ВМРО-ДПМНЕ ги објави првите пет кандидати за градоначалници


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


ОД ВМРО-ДПМНЕ денеска ги објавија првите кандидати за градоначалници на претстојните локални избори.

Како што информираше генералниот секретар на партијата, Христијан Мицкоски станува збор за следниве лица: Оралниот хирург Марјан Бајрактаров како кандидат за градоначалник на Струмица, за Петровец е Борче Митревски, додека актуелниот прв човек на Велес, Славчо Чадиев, ќе се бори за нов мандат. Тони Затковски ќе биде кандидиран за градоначалник на Кривогаштани, а актуелниот пратеник во Собранието, Зоран Ѓорѓиевски за Куманово.