ВМРО ДПМНЕ демантира: Груевски нема телефон на сметка на Влада


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


ВМРО ДПМНЕ преку соопштение демантира дека нивниот претседател и екс премиер Никола Груевски има телефон што го плаќа Владата.

Веста дека Владата го плаќа телефонот на претседателот Никола Груевски е целосна измислица. Груевски нема телефон кој го плаќа владата. Ниту пак од Малта имал разговори за такви високи сметки. Лагите и лажните вести станаа синоним за СДСМ. Пратеникот Павле Богоевски со лажно претставување како невладин активист влезе во Собранието, а сега преку пласирање на невистини се обидува да му се додвори на неговиот лидер, се наведува во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.