Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ апелира до Владата да ја укине задолжителната државна матура за тековната учебна година.
Опозиционерите бараат итно укинување на државната матура за учебната 2019/2020 година за сите ученици. Донесување Уредба со која ќе се овозможи запишување на факултет без матура за сите ученици кои завршиле средно образование во оваа учебна година.
Оние ученици кои заради понатамошниот образовен процес, надвор од Република Македонија имаат потреба од полагање на матура, истото да можат да го сторат во септември.
Учениците не смеат да бидат жртви на непромисленоста на Владата.
Очекуваме итно укинување на матурата. Учениците пред се.