ВМРО-ДМПНЕ го обвини СДСМ за популизам


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


ВМРО-ДПМНЕ ги нарече „популистички“ најавените мерки на новата влада , тврдејќи во исто време дека место да се зголемуваат бенефициите, според досега најавеното, тие се намалуваат.

Според соопштението од оваа партија, „анти реформската влада“ на СДСм место да се насочи кон зголемување на платите, пензиите и растот на економијата, мандатот го почнала со укинување на проекти и најава за блокирање на се што е во тек.

„Предлогот на СДС за поддршка на земјоделците во набавка на земјоделската механизација ќе се намали од сегашните почетни 50% на почетни 30%. Вакви мерки на СДС не водат кон подобар живот како што ветуваа. СДС уште еднаш докажа дека само ги интересираат популистички мерки, а не проекти кои даваат резултати на долг рок“, регира ВМРО-ДПМНЕ.