Влијание на глобалните процеси врз семејството


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Живееме во свет на промени и преобразби кои влијаат на секој аспект на нашето дејствување. Свет на бришење на граници, свет на слободно движење, размена. Свет во кој нацијата го губи својот идентитет и суверенитет . Свет на заживување на локални културни идентитети во различни делови од светот. Свет на соединување на нации и народи, мислења и идеји, концепти и идеологии. Свет на соединување на политика, економија, технологија и култура. Сето тоа соединување е последица на технолошкиот развој и развојот на системите за комуникација. Ваквите општествени процеси во кои се губи географско ограничување на економските, социјалните и културните случувања се нарекува глобализација.

Покрај нејзината економска димензија и влијанието на мултинационалните компании и нивната улога во светот не треба да се изостави и спојот на политичките, социјалните и културните фактори. Глобализацијата претставува процес чие влијание врши промена на личните и интимните аспекти на нашите животи како односите, бракот и семејството. Глобалната револуција во секојдневниот живот се гледа во светската преобразба на традиционалните семејни системи започнувајќи со движењата и борбата за еднаквост на половите.

Иако како модел традиционалното семејство се разликува во различни општества, има одредени белези кои помалку или повеќе се среќаваат насекаде. Како економска единица заснована на договорен брак, без емоционална поврзаност и интимност иницира висок степен на нееднаквост, не само меѓу половите, туку и во доменот на детските права. На децата се гледа како на субјекти за економски придонес во заедницата, а не на рамниште на индивидуи со сопствени желби и потреби. Нееднаквоста меѓу половите може да се забележи во правото на глас, местото во пазарот на трудот, но и врз сексуалниот живот. Сексуалноста е секогаш нидвишувана од репродукцијата како заеднички продукт на традицијата и природата. Недостигот од право на абортус и отсуството на ефективна контрацепција резултираат со голем број на бремености во текот на животот на жената. Од друга страна пак недоволната развоеност на медицината води кон висока стапна на смртност на новороденчиња.

За разлика од тоа концептот на модерното семејство и сите негови карактеристики започнува со развој како продукт на процесите на урбанизација и индустријализација. Нуклеарниот модел со редуциран број на членови води кон други проблематики и потреби. Семејството престанува да биде економска единица и преовладува идејата за рамантичната љубов како основа за брак. Се појавуваат различни облици на заеднички живот на партнери, а со тоа и различни модели и конструкции на семејства. Бракот не е дефинирачка карактеристика за живеењето во пар.

Парот е во срцевината на она што претставува семејство и е поврзан со емоционалната комуникација или интимноста. Како облик со демократски одлики овој модел на семејство забележува значителен степен на рамноправност на половите и приоретизација на правата на децата. Децата како продукт на одлука на родителите иницирана од психолошки и емоционални потреби се индивидуи со свои права, желби и потреби.

Правото на абортус, достапноста на различни контрацепциски средства и оградувањето од општествената стигма за разводот води кон намалување на наталитетот од една страна, но и поголема репродуктивна слобода на жената од друга страна. Доаѓа до одвојување на сексулноста од репродукцијата. Сексуалноста која порано е дефинирана во релација со бракот,сега има сосема слаба врска со него. Се забележува зголемување на бројот на  еднородителски семејства паралелно со порастот на стапката на разводи. Генерално светот подлегнал на голема трансформација која е видлива на секое поле и со себе носи позитивни и негативни ефекти кои имаат големо влијание врз идниот општествен раст и развој.

Извадок од студентското списание VOX
Сања Мишевска

Институт за семејни студии. Филозофски факултет