Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Влатко Ѓорчев ја најави неговата кандидатура за претседателки кандидат на ВМРО ДПМНЕ.
„Ми претставува голема чест и задоволство да Ве информирам дека денес (среда) ќе објавам дека поднесувам кандидатура за Претседател на Република Македонија на огласот на ВМРО-ДПМНЕ.
Браќа и сестри,
Подготвен сум да ја бранам Македонија онолку колку што ја сакам, а ја сакам НАЈМНОГУ на свет. Со сите свои сили и целото свое битие ќе се борам и залагам за Македонија.
Неколку работи за мене:
– Победник. Победи со најголема и најубедлива разлика во сите 5 (пет) избори на кои што сум учествувал како носител на листа.
– Мотив. ОГРОМЕН мотив. Заедно ќе ја преораме Македонија.
– Чесен. Без скандали и хипотеки.
– Лојален. НИКОГАШ не сум бил во други партии или министер на Бранко Црвенковски.
– Искуство. Член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ веќе 22 години. Присутен на ИК од 2000-та година. Член на ИК веќе долги 15 години. – ИК на УМС, портпарол, меѓународен секретар, ИК, ЦК, Совет на град Скопје, носител на листа, пратеник во 5 мандати, претседател на повеќе комисии во Собранието.
– Терен. Сум бил во СЕКОЈ град во Македонија најмалку 20 пати, сум бил речиси во секое село. – Меѓународни контакти. Отворени врати и лични пријателства во Вашингтон, Брисел, Берлин, Лондон, Париз, Рим, Виена.
– НЕМА да биде дозволено полнење на кутии.
– Член. Член од МК, до ЦК и ИК. НЕ се срамам да се фотографирам со грбот и знамето на ВМРО-ДПМНЕ.
– Граѓанин. Контакти со НВО, новинари, граѓанскиот сектор, спортски манифестации. – Неопределени. ЗНАМ што треба да се направи. Убедливите победи СЕКОГАШ се постигнуваат со НЕОПРЕДЕЛЕНИТЕ.
– Скопје. Тука сум ЦЕЛИОТ мој живот. Знам како да пристапам.
– Источна и Западна Македонија. Го познавам секое село.
– Теми. Подготвен за дебати на СИТЕ можни теми. Од буџет, преку внатрешна политика и актуелни состојби, до меѓународна политика.
– Подготвен за говори на митинзи и ТВ дуели.
– Легитимитет. Верификуван од народот. Народот ме гласал.
– Албанското гласачко тело. Интензивно работам. Веќе ИМА резултати. – Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци и останати. Со години сум присутен.
– Македонски позиции. Секогаш на страната на Македонија.
– Оженет, татко на 4 деца: Марта (8), Филип (6), Никола (5) и Катерина (2). Почитувани колеги,
Браќа и сестри, Знам како да победам. Заедно можеме да ја исправиме Македонија, да ја кренеме на нозе. Братски, Со почит.