Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кога пратеникот во парламентот на Гана Џон Фримпонг Осеи започна со својто говор од пратеничката говорница, никој не претпоставуваше дека неговиот говор ќе течи во таква насока. Но, кога еднаш почна да ги реди имињата од селата во неговата изборна единица, неговите колеги не можеа да се воздржат од смеење.
Имињата на тие места на локалниот јазик Тви (познат и како Акан Каса) во превод значат „Вагината е мудра“, „Пенисот е глуп“ и „Тестисите се јадни“, а нивното набројување до солзи ги насмеа претставниците на народот, пренесува „БиБиСи“.
Пратеникот Осеи го интересирало кога жителите на овие села конечно ќе добијат струја.
„Но, електричната енергија би можела да ги спречи во ноќните активности“ – се пошегувал министерот за енергетика, Боакје Агјарко.
Томас Нади, од престолнината на Гана, Акра, за британската телевизија изјавил дека имињата најчесто ги давале првите доселеници и тоа според некои свои животни искуства.
Сепак, министерот ветил дека ќе се распраша што може да се направи за овие села на истокот на земјата да се приклучат на мрежата.
Инаку, скоро 80 отсто од жителите на Гана имаат струја, што според извештајот на Светска банка од 2016 година е двојно повеќе од африканскиот просек.