Влатко Ѓорчев: Носи ред Заев и СДСМ да се јават и да ни честитаат победа


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Влатко Ѓорчев веднаш по соопштувањето на преелиминарните официјални резултати на ДИК, според кои ВМРО-ДПМНЕ е победник на изборите со 51 пратеник, испрати порака за славење на членството и прифаќање на победата од страна на опозицијата.

Го повикуваме Зоран Заев да се јави и да ни честита, исто така ред е и СДСМ да ни ја честита победата. Разликата е јасна, имаме победа. Не очекувам дека Заев ќе го оствари тоа на што се обврза, ако биде поразен макар и за еден глас, да замине од раководното место на СДСМ. Сепак, одлуката е негова и на членството, посочи Ѓорчев.

Тој додаде дека сега е време за надминување на политичката криза и дека не треба да се прават поделби, туку секој да добие шанса да учествува во демократскиот процес, а сега да се прослави достоинствено.