Властите од Дубаи откриваат: Сакаме да правиме град на Марс


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Властите на Дубаи сакаат арапската нација да биде прва, која ќе изгради човечка колонија на Марс, а рокот е точно сто години.

Премиерот на Обединетите Арапски Емирати и владетелот на Дубаи , шеикот Мухамед бин Рашид ал Мактум и принцот на Абу Даби, шеикот Мухамед бин Зајед го најавија Проектот Марс 2117, нагласувајќи дека целта е ОАЕ да ја ги предводат меѓународните настојувања да се оствари сонот на човештвото да продолжи со истражување на Вселената.

Мухамед бин Рашид изјави дека ОАЕ се меѓу деветте земји, кои вложуваат најмногу пари во вселенските истражувања и оти намерата е средствата да се зголемат и да се забрза развојот и научната работа на ова поле.

Човековите амбиции немаат граници и кој и да погледне на научните достигнувања во овој век мора да верува во способноста на човекот да го оствари најважниот сон. Овој проект е семе, кое сега го сееме, а се очекува дека идните генерации ќе ги берат неговите плодови, водени од страста да откријат нови знаења, рече тој.

Бин Зајед додаде дека краткорочна цел на проектот е ОАЕ во блиска иднина да се развиваат нови вештини и капацитети за вселенската трка.

Во прашање е долгорочен проект, но нашата вистинска цел е развој на образовниот систем со цел нашите синови да можат да ги предводат истражувањата во повеќе сектори, рече шеикот Бин Зајед.

Тој додаде дека сите знаења стекнати во овој проект ќе бидат дадени на располагање на сите меѓународни научни институции.

Проектот во прво време ќе биде фокусиран на домашните сили, а потоа ќе се вклучуваат и научници од земјите ширум светот.

Научниците ќе се занимаваат со решенија за изградба на првата човечка одржлива населба на Марс, како и прашањето за брз транспорт на луѓе, храна и енергија.