Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Владиниот авион кој го користи канцеларката на Германија, Ангела Меркел, со кој таа требаше да стигне во Буенос Аирес на Г20 самитот, вчера вечерта принудно се приземји во Келн.
На Airbus А340, како што се вели во соопштението, комплетно откажал системот за комуникација. Поради тоа, леталото кое тргна од Берлин, мораше да слета принудно по нешто повеќе од еден час лет. Според медиумите, се поставувало дури и прашањето дали авионот воопшто е во состојба да слета без радио-врска.
„Рајнише пост“, повикувајќи се на владини кругови, пишува дека по вакви случаи се води истрага во „сите насоки“, па и околу можна криминална позадина на инцидентот. Од воената авијација денеска се тврди дека леталото е ставено на стандарна проверка и не се дава потврда дека се истражува и евентуална криминална позадина на случајот. Германската канцеларка ноќта ја мина во хотел со четири ѕвезди во Бон, а денеска со мала делегација заминува за Мадрид, од каде со редовен лет продолжува за Аргентина. Почетокот на Г20, веќе сега е извесно, ќе мине без Меркел.