Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Откако некои медиуми го објавија ставот од владиката Агатангел, каде што ја обвинува власта и ги коментира политичките случувања во државава, вклучувајќи го и името, тој ниту демантира ниту потврдуваа за таа изјава.
Во статијата што е објавена владиката повикува на отрезнување и вразумување на оние што без срам преговарале за името на земјата.
„Сериозно ли вие ме прашувате ова? Ајде ви се молам, пријатно“, рече владиката во кус телефонски разговор.
Иако тој ги демантира написите, постои и видеоизјава, во која митрополитот г. Агатангел повикува Македонците да застанат на браникот на одбраната на татковината, на името, јазикот и на црквата.
„Можете да замислите, Бугарите бараат сега од нас да ја менуваме историјата. Страшно. Ние сме си Македонци, тие се Бугари. Ние имаме наша историја и нашите деца треба да ја научат. Оние што мислат да го дадат името и јазикот, нивните домови ќе останати опустошени. Јас се прашувам дали знаат што ќе стане со нивните деца? Тие ќе излезат на улица, а другите деца ќе му речат татко ти ја продаде државата. Затоа го молам народот да застане цврсто на браникот. Политичарите се менливи. И вие новинарите, чувајте ја и бранете ја“, вели владиката Агатангел во изјава.
Потпаролот на МПЦ-ОА, Тимотеј, за „Макфакс“ вели дека секој има право на свое мислење, а ако владиката Агатангел навистина го изјавил ова, Тимотеј потенцира дека тоа не е став на Синодот, ниту на црквата.
„Не го видов, не знам за што станува збор. На црквата не ѝ е работа да се занимава со востанија. Црквата треба да се грижи за духовниот живот на верниците, а не да се занимава со дневно политички прашања и партиски престрелки“, вели Тимотеј за „Макфакс“.
Владиката Тимотеј вели дека не е работа на црквата да го решава спорот за името меѓу Грција и Македонија.
„Во однос на името, сигурно дека ниту еден Македонец не сака да му се менува името, но тоа не е наша работа. Ако тоа не задира во идентитетот и јазикот, тоа е оценка за оние што се платени за тоа. Впрочем, сите ќе може да се изјаснат бидејќи тоа прашање ќе оди на референдум. Наше е да шириме мир, љубов и разбирање меѓу луѓето, а не да работиме на нивно разидување“, додава владиката Тимотеј.
Коментирајќи за протестите во Атина поврзани со спорот за името на Македонија и поддршката што демонстрантите ја имаа од Грчката православна црква, тој, исто како и владиката Петар, ги осуди грчките свештени лица.
„За поддршката што ГПЦ ја даде за протестите поврзани со спорот што Грција со има со Македонија, навистина е срамота што носат мантија, срамота е што се нарекуваат монаси. Ги оставиле мантиите и се занимаваат со ирационални работи, го промашиле својот живот. Треба да се борат за она на што се посветени, а нивната борба не е на верата и црквата“, вели Тимотеј.