Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
На вчера одржаната владина седница, Владата не го усвои буџетот за наредната 2020 изборна година. Според информациите кои ги пренесува Тв24, дел од министрите на вчерашната седница побарале повеќе пари за трошење од она што реално буџетот можел да го испорача.
Дебата на министерско ниво не можела да се реши, па е оставен простор од една недела да се усогласат барањата со министрството за финансии. Наспроти досегашната пракса, пак, министерството за финасии не открива колку ќе тежи државната каса в година.
Фискалната стратегија предвидува зголемување од 100 тина милиони евра – што би значело дека Македонија ќе го добие најобемниот буџет досега. Речиси една милијарда евра ќе биде наменета за исплата на пензии, кои, според најавата на Заев, ќе бидат драстично зголемени. Тв 24 веќе објави дека буџетскиот дефицит нема да е поголем од 2, 5 отсто, а стапките на раст ќе бидат во рамки на годинешните.