Владата со предлог членовите на ДИК да се бираат со обично, а не двотретинско мнозинство


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


До македонското Собрание денес од Владата на Република Македонија биле доставени предлог измени на Изборниот Законик кои треба да се по скратена постапка, пренесува НОВА ТВ.

Со измените се предлага изборот на членови на Државната изборна комисија (ДИК) да се избира со просто мнозинство од 61 пратеник, а не со двотретинско мнозинство како што беше до сега.

НОВА ТВ дознава дека предлог-измените поминале на денешната 80 владина седница и веќе се пристигнати во Собранието.

Според информации на Нова ТВ, се очекува предлогот на Владата да биде ставен на дневен ред на денешната седница на Собранието што беше закажана за 12 часот.

Измените на изборниот Законик стигнуваат откако ВМРО-ДПМНЕ го услови изборот на членови на ДИК со усвојување на Законот за финансирање на политичките партии како и со формирање на техничка Влада.

Поради ова формирањето на ДИК за сега е блокирано. Рокот за избор на членови на оваа Комисија истече пред две недели.

Формирањето на ДИК е клучно затоа што ДИК е надлежната институција која што треба да го спроведе референдумот најавен за крајот на септември или почетокот на октомври 2018 година.