Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Владата целосно се откажува од изградба и реконструкција на амбуланти во руралните подрачја во државата, открива предлог-ребалансот на буџетот што го усвои Владата на последната седница, јавува Мета.
Во документот може да се види дека во потпрограмата „Амбуланти во рурални подрачја“ кај Министерството за здравство од првично планираните 3.000.000 денари со ребалансот не е одвоен ниту денар, а пари за оваа намена не се предвидени ниту во наредните години.
„Целта на оваа потпрограма е подобрување на условите за пружање на здравствена заштита на населението во руралните подрачја, подобрување на здравјето на населението и намалувањето на трошоците за пристап до здравствените услуги. Реконструкцијата на руралните амбуланти ќе придонесе за намалување на морбидитетот на населението, подобрување на квалитетот на живеењето и запирање на процесот на миграција село-град“, пишува во објаснувањето на оваа потпрограма во предлог-ребалансот на буџетот.
Извор: Мета