Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На денешното обраќање на пуштањето во функција на новата фабрика за канабис за медицинскипотреби во Ќојлија, премиерот Зоран Заев најави дека Владата ќе бара модели за јавно-приватно партнерство или приватизација на компаниите во кои државата има учество или пак се во нејзина сопственост, меѓу нив е и Пошта, но има и други.
– Земјите со кои се натпреваруваме се со приватни пошти или со пошти со доминантно приватен капитал. Верувам дека ќе направиме некое успешно менаџирање со Словенија, Австрија, Германија, Полска… за да имаме перспективи за „Македонски пошти“. Целта е да имаме квалитетен поштенски собраќај и услуги за граѓаните, рече Заев.
Според него ваквите трансформации не значат дека некој ќе изнесува нешто надвор од државата, бидејќи тие фирми остануваат и ќе работат тука, додавајќи дека вакви идеи има за повеќе компании, како ТЕЦ „Неготино“, „Македонски Железници – Транспорт“, „Еврокомпозит“, „Колска“ од Велес.
– Јавното-приватно партнерство ќе биде една од преокупациите на Владата во делот на креирањето на сите економски политики во следниот перирод, заради обидот да ги максимализираме сите ефекти за рестарт, односно за економски раст и развој, што верувам ќе биде пример во следните четири години, истакна Заев.
На вчерашната седница Владата го утврди новиот текст на Законот за изменување на Законот за поштенските услуги, што ќе биде доставен на усвојување до Собранието со кој се задолжуваат заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, министерот за економија и директорот на Национални пошти да иницираат подготовка на физибилити студија.
Со неа ќе се отворат можностите за отпочнување на постапка за преземање на компанијата со јавно приватно партнерство или со приватизација за да продолжи процесот на либерализација на поштенските услуги во земјата согласно регулативата на ЕУ.