Актуелно

Владата распиша огласи за директори во управи, агенции, дирекции, фондови

Владата денес распиша огласи за повеќе директорски и заменички места во разни државни управи, агенции, дирекции, фондови и тн. Според владиниот портпарол МИле Бошњаковски, на огласите може да се пријават сите граѓани кои ги исполнуваат условите.

„Огласот е објавен јавно за сите граѓани на Република Македонија, кои ги исполнуваат условите. Може да се пријават сите“, рече Бошњаковски, одговарајќи на новинарско прашање дали огласот е за именување на сегашните вршители на должности на раководните позиции во институциите опфатени со огласот.

Со огласот, Владата бара директори во Управата за јавни приходи, Царинската управа, Бирото за јавни набавки, Центарот за управување со кризи, управите за извршување санкции, за водење на матичните книги, агенциите за храна и ветеринарство, за филм, Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Фондот за здравствено осигурување,

Нов директор, меѓу останатите, треба да добие и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, откако вчера од таа функција Владата го разреши Александар Донев, заради, како што образложија, несовесно и невнимателно работење.

Со огласот се опфатени повеќе инспекторати, агенции, дирекции, заводи и фондови.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top