Home Актуелно Владата предложи измени во Кривичниот законик со кои ќе се намалат казните за злосторничко здружување и други кривични дела

Владата предложи измени во Кривичниот законик со кои ќе се намалат казните за злосторничко здружување и други кривични дела

Македонското Собрание од Владата доби предлог-измени на Кривичниот законик (КЗ) со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања. Предложените законски измени на КЗ се доставени во Собранието со европско знаменце и веќе се ставени на дневен ред, пренесува СДК.

Според предлогот, треба да се укинат одредбите од членот 353 за затворски казни од најмалку три и пет години, и место тоа се воведува затворска казна од една до четири години. Со одредување горна граница на можната затворска казна се отвора можност за уште побрзо застарување на делата, што веќе стана пракса во судските случаи со поранешните функционери.

Вакви законски измени бараше ВМРО-ДПМНЕ во 2018 година на тогашните лидерски средби на Зоран Заев и Христијан Мицкоски, со цел застарување на делата на обвинетите поранешните функционери од Владата на Никола Груевски.

Веќе следната 2019 година, адвокат на обвинетите Миле Јанакиески и Никола Груевски неуспешно поднесе иницијатива до Уставниот суд за укинување или поништување на ставот 5 од членот 353 на Кривичниот законик, кој се однесува на кривични дела при вршење јавни набавки или на штета на средствата од Буџетот на Македонија, од јавните фондови или од други средства на државата.

Со сегашниот предлог на Владата, овој став се брише.

Потпишан на предложените законски измени е премиерот Димитар Ковачевски и во образложението се вели дека тие произлегуваат од Националната програма за усвојување на правото на ЕУ.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…