Владата одлучна за кастрење на извршителските приходи – извршителите се жалаат


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Новите тарифи со кои се намалува добивката за извршување на извршителите предизвика незадоволство кај извршителите кои се жалаат на одлучноста од страна на државата да не отстапува од ветеното намалување.

Новиот Закон за извршување ќе ги скастри приходите на извршителите за 60-90%. Иако сèуште немаат заеднички став за новата тарифа, предложеното намалување за извршителите е неприфатливо.

Државата нема да отстапи од залагањата да ги намали тарифите за присилна наплата на долгови. Велат дека законското решение ќе биде во полза на граѓаните.

Банките веќе ги одобрија измените, со што за деблокирање воопшто нема да се наплаќа надомест од најзагрозените категории граѓани.

Според новиот Закон за извршување, што веќе е во собраниска процедура, нотарската награда ќе изнесува 10% од главниот долг, но не повеќе од 500 денари. Наградата за извршител за долгови за комуналии не може да надмине 20% од главниот долг.

Инаку, во земјава во моментов има 98 извршители, кои само лани наплатиле околу 166 милиони евра.