Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Македонскиот премиер Димитар Ковачевски потврди дека во фаза на изработка се законските решенија со кои ќе се овозможи граѓаните да произведуваат електрична енергија на нивните покриви и да ја продаваат на откупувачот и дистрибутер на електрична енергија
Како што истакна при денешната посета на компанијата „Витаминка“ во Прилеп, веќе се работи на обезбедување на либерализиран пристап за да може секое домаќинство во државата да инсталира фотоволтаични системи, а се подготвува и закон со кој ќе се олесни постапката за инсталирање на фотоволтаични системи на покривите на домаќинствата и на индустриските објекти.
-Дополнително во план е да се зголеми и моќноста на системите, која во моментов е 4 киловати да стане 6 киловати за домаќинствата, а за деловните субјекти од постојните 20 киловати без лиценца на 40 киловати со лиценца, а над тоа со вадење на лиценца да можат неограничено да поставуваат во зависност од можноста што има ја дава просторот и условите за поврзување на дистрибутивната електроенергетска мрежа, рече Ковачевски во одговор на новинарско прашање.
Покрај тоа, додаде, со правилникот за поврзување, кој е во подготовка, ќе се овозможи дистрибутерите на електрична енергија да ја преземаат произведената електрична енергија од домаќинствата по цена по која дистрибутерот ја презема од државниот производител на електрична енергија.
-Третата промена е да може електричната енергија на најлесен можен начин да се разменува за што веќе се подготвува подзаконски акт во Министерството за финансии со кој ќе биде овозможено воведување на даночен застапник, по примерот на западно европските држава, за да може откупувачот на електричната енергија да издаде фактура за домаќинствата, бидејќи тие не се даночни обврзници, и со тоа да се овозможи размена на електрична енергија и соодветно третирање на ДДВ, појасни Ковачевски.