Владата на Велика Британија даде дозвола за воена интервенција во Сирија


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Владата на Велика Британија смета дека преземањето мерки против користењето хемиско оружје во Сирија е неопходен потег. Тоа го потенцираа во соопштение по итната седница на Кабинетот на премиерката Тереза Меј.

„Владата постигна сосгласност дека е неопходно да се преземат мерки за да се спречи користење хемиско оружје од режимот на Асад“, нагласува портпарол на Кабинетот.

Владата смета дека е „многу веројатна“ одговорноста на Дамаск за наводниот хемиски напад извршен минатата сабота во градот Дума во кој загинале „до 75 луѓе“, се додава во соопштението.