Владата на Меј преживеа – ја спасија 19 гласа


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Владиниот кабинет на премиерката на Велика Британија, Тереза Меј, ја доби довербата од британскиот парламент со 19 гласа повеќе. Со тоа Меј останува на чело на Владата.

Пратениците и изгласаа доверба на Тереза Меј. 306 пратеници гласаа против Меј , а 325 за да остане премиерка на Британија. Лидерот на опозицијата Џереми Корбин ја нарече администрацијата на Меј „зомби- влада” и побара да се распишат парламентарни избори.

Тој рече во излагањето дека е најдобро владата да го направи вистинскиот потег и да си даде оставка по вчерашниот тежок пораз во Парламентот , каде со огромно мнозинство не помина Догвоорот што Меј го потпиша со ЕУ за излез на Британија од Унијата.