Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Владата, министерствата и органите на државната управа од денеска ќе работат со флексибилно работно време.
Согласно одредбите од Одлуката, секој вработен во Владата на Република Македонија, министерствата и другите органи на државната управа има право да пристигне на работното место помеѓу 7:30 и 8:30 часот и да замине од работното место во периодот помеѓу 15:30 и 16:30 часот, така што има обврска за исполнување на 8 часа дневно работно време. Секој орган на државната управа треба да обезбеди систем за евиденција на работното време, со цел поефикасна контрола при влез и излез на вработените, соопшти вчера Министерството за информатичко општество и администрација.
Оттаму појаснуваат дека во контекст на општите права на вработените во државната управа се подразбира и правото на вработените на работно време со распоред соодветен за ефективно и ефикасно исполнување на работните задачи, а во рамки утврдени со позитивните законски одредби.
Со двосменско работење почнуваат и други институции. Царинската управа, Управата за водење на матични книги, МВР, подрачните отсеци во Секторот за управно-надзорни работи, Одделот за граѓански работи, Министерството за одбрана – одделенијата за одбрана на регион со градовите и општините во состав се институциите, први ќе почнат да работат во две смени.
Работното време во овие институции ќе биде од 7:00 до 14:30 часот и од 14:00 до 21:30 часот, а ќе се работи и првата сабота од месецот, но само во една смена од 8:00 до 16:00 часот.
Втора смена се воведува и во градинките, кои ќе згрижуваат деца до 21 часот и 30 минути. Работна ќе биде и секоја прва сабота од 8 до 16 часот.
Што се однесува до флексибилното време кое ќе се воведе, работниот ден ќе трае 8 часа со што почетокот на работното време ќе биде меѓу 7:30 и 8:30 часот, а завршувањето меѓу 15:30 и 16:30 часот. Ова работно време ќе важи и за министерствата.
Владата овие реформи ги воведува со цел да им излезе во пресрет на потребите на граѓаните.