Владата ќе го продава ски-центарот „Попова шапка“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Генерален секретаријат на Владата на Република Македонија распиша оглас за  консултантски услуги за­ детална анализа на финансиските, оперативно­ техничките и правните елементи на ски-центарот “Попова Шапка”, “Фабриката за шински возила Велес” и “11 Октомври­ Еурокомпозит” АД Прилеп, како и подготовка на документација за продажба на истите.

Проценетата вредност на договорот без ДДВ е 15.000.000 денари. Економски најповолната понуда ќе се избира врз база на критериумите: цена (60 бодови) и квалитет (40 бодови).

Со ски-центарот “Попова Шапка” веќе шест години стопанисува Друштвото за туризам, угостителство, рекреација и спорт “ЕЛЕМ турс” ДООЕЛ Скопје. Според актуелната состојба енергетската компанија Електрани на Македонија е единствен основач и содружник на ова друштво, од каде пак посочуваат дека оваа подружница од почетокот на формирањето на “ЕЛЕМ турс# ги пренесе кумулираните загуби од претходните години. Според нив во континуитет се создаваат загуби кои пак носат нови тешкотии во работењето. Тие стопанисуваат со хотелите Славија и Попова Шапка, како и ски-лифтовите и жичарницата.

На оваа тема неодамна се изјасни и премиерот Зоран Заев, кој посочи дека за развој на туризмот на Попова Шапка итно и се потребни странски инвестиции. Тој веќе најави дека сите хотели, жичниците, севкупната инфраструктура на Скијачкиот и туристички центар “Попова Шапка# ќе бидат понудени на продажба.