Владата ќе бара заем од 15,3 милиони евра за да се градат 3 нови патарини на автопатите


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Наместо да воведе плаќање по системот на вињетки како што има во многу држави во Европа, со што ќе се заштеди време, пари, а и трошоци за изградба на патарините, како и за плати за вработените, македонската влада ќе позајмува неверојатни 15.3 милиони евра за изгради три нови патарини. Идните патарини ќе се градат на автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид, додека на постојните патарини долж Коридорот 8 ќе се воведува електронски систем на наплата идентичен на веќе воведениот на Коридорот 10

Распишан тендерот за изградба на 3 нови патарини и за воведување на електронска наплата на наплатните рампи долж Коридорот 8 и автопатот Миладиновци – Штип.

Со заем од 15,3 милиони евра преку Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ќе се изградат патарините „Кадрифаково“ и „Преод“ на автопатот Миладиновци – Штип, како и идната патарина „Арбиново“ на автопатот Кичево – Охрид.

Со кредитот ќе се воведе и електронска наплата на патарините „Миладиновци“, „Глумово“, „Желино“, „Тетово“ и „Гостивар“ меѓу Скопје и Гостивар, со што на возачите ќе им се овозможи со електронска картичка и таг да ја плаќаат побрзо оваа услуга на сите наплатни рампи низ земјава. Како што се наведува во тендерот објавен од ЕБОР, реализацијата на договорот се очекува да отпочне на 1 октомври годинава, а најмногу за 12 месеци да се изградат 3 – те нови патарини и да се примени електронската наплата.

Заедно со распишувањето на тендерот за наплатните рампи на Коридорот 8, деновиве ќе стартува плаќањето со електронска картичка и таг на автопатот долж Коридорот 10. По неколку одложувања на пуштањето во употреба, возачите ќе можат да го користат новиот начин на наплата за кој се потрошија 18,7 милиони евра. Севкупно, државата за воведување на електронскиот систем на наплата на патарина ќе издвои околу 34 милиони евра.

(Мета/Таратур)