Владата изгласа дозволено присуство на публика во театри, кина, филхармонија и слично до 50% од капацитетот


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


На предлог на Комисијата за заразни болести Владата донесе заклучок за измена на Протоколот за организирање настани во затворен простор, театри, кина, филхармонија… со кои наместо досегашниот дозволен процент на исполнетост на салите за организирање настан во овие простори до 30%, се зголемува со присуство на публика до 50% од капацитетот на салата.

„Во врска со овој протокол, се воведува и условот посетителите да бидат вакцинирани со две дози со вакцина против ковид-19, a останува обврската на организаторот да ги спроведува и контролира сите останати препорачани превентивни мерки за спречување на ширење на вирусот и да организира редарска служба за контрола на мерките”, информираат од Владата.

Инаку на оваа седница е и прифатена препораката на Комисијата за заразни болести да се прифати барањето на Агенцијата за млади и спорт да се дозволи организирање и учество на натпревари во сите спортски во категориите пионери, младинци и кадети без приложен сертификат за вакцинација, со заклучок дека останува препораката да се вакцинираат сите за кои е одобрена вакцинацијата, вклучувајќи ги и децата и младинците од 12 годишна возраст натаму.