Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На вчера одржаната седница Владата го задолжи МВР „соодветно“ да го обезбеди претстојното одбележување на раѓањето на Гоце Делчев на 4 февруари по препорака на Советот за безбедност.
Оваа мерка следи во пресрет на најавеното доаѓање на бугарски државјани, вклучувајќи го и европратеникот Ангел Џамбаски, кои треба да влезат во земјава за настанот.
„На седницата се донесени и заклучоци во врска со одбележувањето на 4-ти февруари, денот на раѓањето на Гоце Делчев. Задолжено е Министерството за внатрешни работи да ги преземе сите мерки за обезбедување на реализацијата на настанот, согласно со препораките од Советот за безбедност“, се вели во соопштението.
Советот за безбедност препорача надлежните институции да преземат мерки за спречување на какви било несакани настани на 4 февруари и да им се забрани влез на бугарски државјани кои се, како што рече, претседателот Стево Пендаровски, поврзани со руските разузнавачки служби. Сепак одлука, за забрана за влез на европратеникот Џамбаски, барем според соопштението на Владата, не беше донесена.
Александар Пандов, претседател на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 вчера ги повика Македонците на 4 февруари во што поголем број да го посетат почивалиштето на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“.
Пандов посочи дека од Бугарија се планира со бугарска иконографија да дојдат и да пропагираат дека Македонија е бугарска и дека Гоце Делчев е Бугарин.
„Затоа, секој еден Македонец што е загрижен и што се чувствува како патриот очекувам дека на 4-ти февруари ќе биде пред Црквата „Св. Спас“ и ќе дојде да се поклони на гробот на Гоце Делчев, дотолку повеќе што оваа година се 120 години од неговото раѓање“, рече Пандов.