Владата го враќа 2. јануари како неработен ден


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Со владина одлука вториот ден од новата година се враќа како неработен ден за јавната администрација со препорака тоа да го направи и приватниот сектор. Оваа одлуката Владата ја донесе неочекувано за јавноста, на последната владина седница.

Засега 2 јануари не се враќа како празник на календарот, туку само како владина одлука.

До 2006 како официјални празници се водеа 2 јануари и 2 мај како екстра-денови за славење на Нова Година и Денот на трудот, но тогашната нова владина гарнитура ги укина, воведувајќи нови на нивното место.

Граѓаните колективно сè уште ги паметат овие два празници.

Во соопштението на владата, по седницата, нема образложение за ваквата одлука.

Засега Владата нема образложение зошто овој датум ќе биде неработен, а одуката ја донесе без најава.