Владата го достави францускиот предлог до Собранието – се чека свикување на седница за истиот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Од Собранието информираат дека од македонската Влада ја доставила „Информацијата за содржината на предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Македонија со Европска Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција со Советот на Европска Унија на 30 јуни 2022 година”.

„Согласно процедурите, материјалот ќе се достави до пратениците и за понатамошно постапување, соодветно и навремено ќе бидете информирани.

Имајќи ги во предвид шпекулациите, Ве информираме дека за вечерва не е планирана седница. Во моментот кога претседателот на Собранието Талат Џафери ќе ја свика седницата, навремено ќе бидете информирани“, велат од Собрание.