Home Актуелно Владата ги усвои новите мерки: Угостителските објекти ќе работат до 21 часот, после тоа време забрането групирање повеќе од 4 лица

Владата ги усвои новите мерки: Угостителските објекти ќе работат до 21 часот, после тоа време забрането групирање повеќе од 4 лица

Со новите превентивни анти-ковид мерки кои денес ги усвои Владата, работното време на угостителските објекти се скратува до 21 часот, а после 21 часот има забрана за групирање на повеќе од 4 лица.

Со новите мерки, угостителските објекти ќе работат до 21.00 часот, освен за достава и шалтерска продажба на храна. Оваа одлука важи и за угостителските објекти на бензинските станици, а исклучени се угостителските објекти на ТАВ аеродромите во Скопје и Охрид.

На седницата донесена е и одлука за забрана за групирање на повеќе од 4 лица на јавен простор после 21:00 часот.

Владата денеска усвои препорака за сите домашни и странски граѓани на територијата на Северна Македонија, после 21:00 часот да не се движат на јавен простор доколку немаат важни и неопходни потреби.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…