Владата ги поддржа трите предлог закони по скратена постапка на опозицијата


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Падна договор на пленарната седница во Собранието помеѓу пратениците од  власта и опозицијата  пакет социјални закони предложени и од парламентарното мнозинство и од опозицијата да се разгледуваат по скратена постапка.

И двете страни решија преку конструктивна расправа во Собранието да се разгледуваат новите законски решенија. Пред пратениците ќе се најдат законот за минимална плата, Закон за стечајци и Закон за укинување на радиодифузната такса предложени од парламентарното мнозинство, но и законите за исплата на плати, ваучери и Законот за извршување предложени од опозициската ВМРО ДПМНЕ.

„Конечно нешто позитивно, конечно нешто конструктивно, конечно нешто добро за македонските граѓани. Четврти септември ќе го запаметиме како ден во кој што македонските административци, професорите, административците, воспитувачите , докторите, железничарите  и сите оние кои што ја земаат својата плата од администрацијата денес благодарение на позицијата или СДСМ ќе им овозможиме на петнаесетти овој месец да земат пет посто повисока плата“, вели Димитар Стеванџија од ВМРО ДПМНЕ.