Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Веста дека Северна Македонија ќе ја легализира марихуаната за уживателски потреби, која беше пренесена од ТВ 21, Владата ја прокоментира и окарактеризира како чиста шпекулација.
„Станува збор за дезинформација. Не постојат тековни владини анализи за легализирање на марихуаната за рекреативни цели. Владата останува на почитување на постоечката регулатива со која во земјата е дозволено производство на канабис исклучиво во медицински цели, се вели во реакцијата.на Владата по веста дека заради обезбедување на поголем девизен прелив од туристи е подготвена да го легализира нејзиното користење кај уживеталите“, објави ТВ21.
Според изворите на кои се повикува телевизијата, веќе се направени економските анализи за исплатливост и односот на тоа колку ќе се добие а колку ќе се изгуби од ваквиот потег, бидејќи се очекуваат негативни реакции од конзервативната јавност.
За почеток тоа ќе се случи во туристичките места Охрид и Струга, што значи дека ограничувањето ќе се сведе на одредени локации.
Во Македонија,канабисот само се одгледува и тоа за медицински цели.